Според
информациите кои пристигнуваат од Островот, се вели дека Манчестер јунајтед ги
разгледува сите можни опции за ангажман на напаѓачот на Тотнем, Хари Кејн во
летниот преоден рок.
„ЕСПН“ тврди дека
„Црвените ѓаволи“ би можеле да го вметнат дури и Ентони Марсијал во пакетот
понуда до Тотнем за потписот на Кејн, а се верува дека Севиља нема опција за
откуп на договорот на Марсијал по крајот на актуелната сезона, а таму
Французинот е на позајмица.
Марсијал би можел
да биде искористен со цел да се намали цената на Кејн која изнесува над 100
милиони фунти, а од која не отстапува Тотнем.
Горе наведениот
медиум истовремено додава и дека Тотнем се интересирал за услугите на Марсијал
во претходните сезони, а неофицијалните информации говорат дека Французинот
доколку си замине од Островот, преферира кариерата да ја продолжи во Италија
или Шпанија.