Манчестер јунајтед ќе постави автобуси пред неколку хотели за да ги збуни навивачите

by
1 минути читање

Манчестер јунајтед вечер треба да го пречека Ливерпул и „ѓаволите“ стравуваат дека навивачите одново ќе се обидат да го одложат мечот.

Кога овие два тима требаше да ги одмерат силите пред десетина дена, навивачите излегоа на протест против семејството Глејзер. Беше блокиран автобусот на Манчестер јунајтед пред хотелот Лоури, а голема група фанови успеа да влезе на Олд Трафорд, па дуелот беше одложен.

За да не дојде до слични сцени, Манчестер јунајтед превзема посебни безбедносни мерки. Како што пренесуваат медиумите од Англија, хотелот во кој ќе престојуваат Оле Гунар Солшер и фудбалерите е строга тајна.

Исто така, клубот ќе постави автобуси пред неколку хотели, ќе ги користи како мамки и ќе се обиде да ги збуни навивачите. Се зголемува и обезбедувањето околу Олд Трафорд каде се поставуваат барикади.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×