Манчестер јунајтед ќе остане со празни раце по одлуката на Депај

by
1 минути читање

Во разговор со Л’Екип,
Мемфис Депај го соопшти ова што беше јасно со месеци, Холанѓанецот нема да
стави потпис на нов договор и летоска ќе го напушти Лион.

Ваквата одлука ќе
влијае и врз Манчестер јунајтед, клубот од Олд Трафорд ќе остане без неколку
милиони. Кога „ѓаволите“ го продадоа Мемфис Депај во јануари 2017, трансферот
изнесуваше 16-17 милиони фунти, со можност да се искачи до 22 милиони фунти преку
најразлични бонуси.

Еден од бонусите
беше поврзан со тоа Мемфис Депај да стави потпис на нов договор, тоа не се
случи, па нема да се слеат пари во касата на Манчестер јунајтед.

На „ѓаволите“
исто така им следуваше и процент од следниот трансфер, па со оглед на тоа дека Холанѓанецот
заминува беспари, ќе бидат испуштени уште неколку милиони.

Манчестер
јунајтед поседуваше и клаузула да го врати Мемфис Депај во своите редови, но
оваа опција никогаш не беше искористена, минатото лето имаше одредени гласини,
но тогаш приоритет му се даде на Џејдон Санчо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×