150
Манчестер
јунајтед би можел да назначи нов тренер пред крајот на актуелната сезона, со
тоа што клубот од „Олд Трафорд“ и натаму е во потрага по наследник на Оле Гунар
Солшер, известуваат на Островот.
Веднаш штом се
договори новиот тренер, Ралф Рангник ќе се премести на позицијата за
консултативен советник на „Олд Трафорд“.
„Манчестер Ивнинг
Њуз“ пишува дека во Манчестер јунајтед веруваат дека назначување на нов тренер
пред самиот истек на актуелната сезона е најдобрата варијанта за клубот, а се
наведува Маурицио Покетино како прв кандидат за тренерската функција.
Како и да е,
одново за таа позиција во тимот на „Црвените ѓаволи“ како опција се споменува
уште и Ерик тен Хаг.