„Манчестер јунајтед ќе беше шампион ако Сити ги почитуваше правилата за финансиски фер плеј“

by
1 минути читање

УЕФА го кази Манчестер Сити за прекршувањето на финансискиот фер плеј, тие ги заобикувале правилата со цел да се засилат колку што е можно повеќе. Подоцна Судот за спортска арбитража ја укина забраната за трансфери на Сити, а им остана само паричната казна што е доказ дека биле грешни.

Мурињо со Манчестер јунајтед во својата втора сезона заврши втор во Премиерлигата, но неговиот асистент тврди дека можело да биде и поинаку ако се било регуларно.

„Не бевме шампиони, вистина е, но ја освоивме Лига Европа, Лига Купот и Супер Купот, во борбата со Манчестер Сити не успеавме, но подоцна беше докажано дека тие не го почитувале финансискиот фер плеј, доколку не беше така, ние ќе бевме шампиони“, вели Формосињо за португалски „Рекорд“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×