168
Шпекулациите за иднината на Роналдо продолжуваат, речиси сигурно е дека тој ќе замине доколку Јувентус не успее да се пласира во Лигата на шампионите, а можно е да си оди дури и ако го остварат тоа.
Шпанскиот весник „АС“ тврди дека Роналдо е најблиску до враќање во Манчестер јунајтед.
Нивните информации велат дека Оле Гунер Солшер лично телефонски му се јавил на Роналдо и му кажал дека би бил среќен ако тој се врати во Манчестер јунајтед.
Роналдо во Јунајтед го има и својот соигирач од репрезентацијата Бруно Фернандеш со кој би биле одличен тандем.
Но, се уште нема одлука, Роналдо ќе почека да заврши сезоната, а се верува дека брзо после тоа ќе биде решена неговата иднина.