Антони Марсијал
има договор со Манчестер јунајтед до 30. јуни 2019 и преговорите за
продолжување на соработката тапкаат во место подолго време.
Се шпекулира дека
неколку клубови внимателно ја следат ситуацијата и се подготвени на стартот од
следната година да тргнат по потписот на Французинот. Но слично како и со Давид
Де Хеа, „ѓаволите“ си купија додатно време и спречија напаѓачот да потпише за
друг клуб во јануари.
Голем број на
извори од „островото“ пишуваат дека клубот од Олд Трафорд ја активирал опцијата
за продолжување на договорот на Антони Марсијал за уште додатни 12 месеци.
Но останува да се
види дали 23 годишниот офанзивец има иднина во Манчестер јунајтед, неговиот агент е голем песимист со оглед на тоа дека новиот долгогодишен договор кој е на маса не ги исполнува нивните барања.
„Веќе ни пратија
понуда која не ги задоволува нашите очекувања. Во моментов сме далеку од
договор. Јас сум голем песимист за позитивен исход на преговорите“ – вели Филип
Ламболеј за Радио Монте Карло.