Информациите од Англија велат дека Манчестер јунајтед го бара наследникот на Солшер, но се додека не најдат нов тренер нема да му врачат отказ на Оле.
Од клубот сакаат прво да договорат нов стратег, а потоа да му соопштат на Солшер дека тој повеќе нема да биде тренер на тимот.
Антонио Конте беше опција за Манчестер јунајтед, но откако тие решија да му дадат нова шанса на Оле, Тотнем побрза и им го грабна италијанскиот стратег.
Брендан Роџерс, Ерик тен Хаг и Маурисио Покетино се поврзуваат со клупата на Јунајтед, но сите тие во моментов имаат тренерски ангажман.
Единствен кој е слободен а би можел да влезе како сериозна опција е Зинедин Зидан кој е без работа откако го напушти Реал Мадрид.
Солшер може да биде заменет и со Ралф Рангник, но тоа би било само привременот, Германецот се поврзува и со позицијата технички директор на Олд Трафорд.
Додека не пронајде соодветно тренерско решение, Манчестер јунајтед ќе го држи Солшер на клупата, но речиси сите изгубија верба дека Норвежанецот може да ги сврти работите и да го крене клубот од кризата.