Манчестер
јунајтед јавно го поддржа својот тренер Оле Гунар Солшер во обидите клубот да
се врати на старите патеки, а од „Олд трафорд“ инсистираат на тоа дека постојат
големи знаци на прогрес под кормилото на Норвежанецот.
Извршниот
потпретседател на клубот, Ед Вудворд говорејќи на форумот на навивачи минатиот месец
инсистираше на тоа дека Солшер е опција за подолг рок на клупата на „Црвените
ѓаволи“, а на тој став
останува и денеска.
„Јас уште во
април наведов дека остануваме посветени на засилување на составот, но
истовремено и дисциплинирани во трошењето во текот на пандемијата“ беа
зборовите на Вудворд.
„Забележуваме
голем труд во работењето за да се постигне целта која е сосема јасна – трофеи,
гледаме позитивни знаци на теренот и тренинг центарот што дополнително ни влева
доверба во прогресот предводен од Солшер, неговиот стручен штаб и фудбалерите“ додал Вудворд.
„Верувам дека
добро сме организирани на тоа поле, верувам дека добро дејствуваме, со
засилувањата кои ги доведовме во тимот во текот на летото потрошивме над 200
милиони евра од летото 2019 година, повеќе од било кој друг европски гигант тој
период“ наведол тој во своето обараќање.
„Ќе продолжиме да
го поддржуваме Солшер како што е планот, имаме посебен приод во оваа работа со
тоа што инсистираме на засилувања на подолг рок, фокусирани сме на идниот летен
преоден рок“ заклучил извршниот потпретседател на „Црвените ѓаволи“.