Интересно дерби се одигра на Стемфорд Бриџ, особено возбудливо беше во првото полувреме кога беа постигнати и двата гола.
Се играше офанзивно и од двете страни, а резултатот беше отворен во 31. минута кога Погба одлично асистираше до Андер Ерера кој со глава погоди за водство на Јунајтед од 1-0.
Пред крајот на првиот дел центаршут на Рашфорд, Погба реализира со глава за предност на Јунајтед и од 2-0.
Во второто полувреме Челси јалово се обидуваше да дојде до погодок, Манчестер јунајтед ја контролираше играта и на крајот сосема заслужено се радуваше на триумф.
По овој пораз уште посилно се тресе столчето на Маурицио Сари на клупата на Челси, а Манчестер јунајтед им се врати на победите по поразот од ПСЖ во Лигата на шампионите.