Манчестер јунајтед е во напредни преговори за потписот на Варан

by
1 минути читање

„Ел Чирингито“ објави дека Манчестер
јунајтед наводно е во напредни преговори за ангажман на дефанзивецот од Реал
Мадрид, Рафаел Варан, а од поодамна е познато дека Французинот е на агендата на
гигантот од Островот.

Предводникот на „Црвените
ѓаволи“, Оле Гунар Солшер е особено голем обожовател на играта на Варан, а во
него гледа најидеално решение за партнер во одбраната на капитенот Хари
Мегваер.

Варан е под
договор со Реал Мадрид до 2022 година, а медиумите наведуваат дека обете страни
не пријавуваат знаци дека ќе седнат на преговарачка маса за продолжување на
соработката.

Со самото тоа,
Реал Мадрид се соочува со две сценарија, или да го продаде Варан претстојното
лето и да заработи од негов трансфер, или да ја загуби таа можност и тој да си
замине без никакво обештетување идната година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×