Манчестер јунајтед е елиминиран од Лигата на шампионите (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Лајпциг тргна фуриозно, поведе со гол на Анхелино уште во втората минута од натпреварот, а во 13. Хаидара зголеми на 2-0.

По половина час игра Лајпциг даде и трет гол, но погодокот на Орбан беше поништен од ВАР поради офсајд.

Во 69. минута лоша реакција на одбраната на Манчестер јунајтед, тоа го искористи Клајверт кој погоди за 3-0.

Десетина минути подоцна пенал за Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш постигна гол од белата точка и намали на 3-1.

Само две минути подоцна Погба постигна гол намали на 3-2 за драматичен крај на мечот, на Манчестер јунајтед му требаше уште еден гол за да остане во Лигата на шампионите.

Но Лајпциг успеа да го приведе натпреварот до крај и да не дозволи Манчестер јунајтед да постигне уште еден гол и со сензационално враќање да ги елиминира.

Мечот меѓу ПСЖ и Башакшехир беше прекинат поради навреда на расистичка основа од страна на четвртиот судија, но како и да биде одлучено да заврши тој меч, нема ништо да му смени на Манчестер јунајтед. 

Тимот на Оле Гунар Солшер ќе продолжи во Лига Европа, Башакшехир е комплетно елиминиран.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×