Манчестер јунајтед е близу до ангажман на Камавинга

by
1 минути читање

„Гардијан“ пишува
дека Манчестер јунајтед бележи прогрес во обидите да го ангажира 18 годишниот
Едуардо Камавинга од Рен, а францускиот прволигаш е расположен за продажба на
својот фудбалер, бидејќи не сака да ризикува наредната година да остане со
празни раце бидејќи му истекува договорот.

Лани во август, со
17 години и 17 денови, Камавинга беше најмладиот фудбалер кој досега бил
повикан во сениорската национална репрезентација на Франција, а тој е на
списокот на фудбалери на „Триколорите“ за претстојните Олимписки игри во Токио.

Денес 18
годишниот фудбалер од средниот ред е на прагот да направи голем трансфер, а
како што најавува „Гардијан“, тој е близу преселба во Манчестер јунајтед за
сума од околу 30 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×