„Скај Спортс“ објавува дека се водат официјални преговори меѓу Манчестер јунајтед и Тен Хаг кои се одвиваа добро и веќе се во финална фаза.
Манчестер јунајтед интервјуираше неколку тренери, а како најимпресивен во разговорите се покажал Ерик тен Хаг.
Во Манчестер јунајтед засега има молк околу целата ситуација, но се очекува во блиска иднина да биде потврдено дека Тен Хаг ќе биде нивниот нов тренер.
Манчестер јунајтед ќе треба да му прати обесштетување на Ајакс затоа што Тен Хаг има уште една година од договорот со нив. Сумата ќе биде околу 2 милиони евра.
Иако на списокот за нов тренер имаше повеќе кандидати, главниот избор беше меѓу Маурисио Покетино и Ерик Тен Хаг, изборот паднал на вториот.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.