Манчестер јунајтед до победа на контролката против Барнли

by
1 минути читање

Манчестер
јунајтед дојде до победа од 3-1 над Барнли на свој терен во денешниот контролен
меч кој се одигра зад затворени врати на „Олд Трафорд“.

Оле Гунар Солшер
на располагање од првата минута го имал и големото засилување за новата сезона
Џејдон Санчо,
a погодоците за
победничкиот табор ги постигнаа Марсијал, Лингард и Фред, за гостите биеше
Ленон.

Од тоа што
известија медиумите на Островот, во тимот на „Црвените ѓаволи“ не бил во
комбинација за настап стоперот Рафаел Варан, поради тоа што се уште не е подготвен за настап.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×