174
Според италијанските медиуми, Манчестер јунајтед го контактирале фудбалерот на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ.
Тие го чекаат одговорот од Реал Мадрид и Касемиро, а ако тој биде негативен, ќе тргнат силно по Милинковиќ-Савиќ.
Манчестер јунајтед не успеаа соодветно да го засили тимот пред почетокот на сезоната. Таа почна очајно за нив, па челниците се обидуваат со панично дејствување на пазарот да го надополнат тоа што го пропуштија во изминатите два месеци.