288
Веќе сме средина на септември, а Адриен Рабио се уште нема клуб, тој е слободен играч и никако да најде нова средина по заминувањето од Јувентус.
Главната причина за тоа се високите барања кои ги има неговата мајка која му е агент. Вероник високо си го цени својот син, многу повисоко отколку што го ценат клубовите па има разлика меѓу тоа што го бара таа и тоа што го нудат тие.
Последните информации велат дека Вероник се обидува да му обезбеди трансфер на Рабио во Манчестер јунајтед кој за него се интересираше минатото лето, но не го ангажираше токму поради високите барања.
Овојпат Вероник е подготвена да направи отстапки, да ги спушти барањата за да се реализира трансферот.