Интер мора да
освои уште 13 бода во наредните осум преостанати натпревари во Серија А за да
дојде до посакуваната титула во тоа првенство за актуелната сезона.
„Нероаѕурите“ со
крајни напори дојдоа до триумф на домашен терен против Сасуоло изминатиов викенд
со 2-1, а со тоа ја продолжија победничката низа, па така со 74 бода имаат
предност од цели 11 бода во однос на второпласираниот Милан, односно 12 бода
предност во однос на Јувентус.
Составот
предводен од страна на Антонио Конте е на добар пат да ја обезбеди првата
титула во Серија А по подолга пауза, ако се земе во предвид дека последен пат „Нероаѕурите“
успеаа во таа намера во сезоната 2009/10.
Интер досега
освои 74 бода во 30 натпревари, или во просек 2.47 бода по меч, со тоа што
доколку се верува на таа статистика во тој случај клубот од Милано многу
веројатно е дека ќе успее во таа мисија.