Малку фалеше: Вардар минути го делеа од сензација – не успеа!

by riste
1 минути читање

По 120 минути игра Вардар загуби од Рига со 2-5 и со вкупни 4-8 е елиминиран од квалификациите во Конференциската лига, со ова црвено-црните го завршија настапот за оваа сезона.

Среќата не го посака Вардар, фудбалерите на Фабијани одиграа херојски натпревар, и неколку минути ги делеа од сензација до која сепак не дојдоа.

Вардар почна одлично, во 17. минута Пуелио центрираше, а Бабунски со фантастичен волеј ја смести топката во мрежата на Рига за водство на Рига од 1-0.

Но, две минути подоцна Филип Најдовски доби црвен картон поради фаул како последен играч, овој момент се покажа како клучен. Вардар остана со фудбалер помалку, но иницијативата комплетно ја презема Рига.

Летонците напаѓаа, но никако не можеа да му дадат гол на фантастичниот Талески кој за разлика од првиот меч, денеска бранеше во извонредно издание.

Во 66. минута Азер Омерагиќ даде гол, Вардар со фудбалер помалку поведе со 2-0. Тоа беше резултат кој го водеше нашиот тим понатаму.

Рига се мачеше да дојде до гол, сепак тоа им успеа во 87. минута кога Таиво постигна гол за 1-2.

Конечниот резултат беше 4-4, па мечот отиде во продолженија.

Фудбалерите на Вардар беа истрошени, не можеа да држат темпо и во продолженијата, примија четири голови и на крајот убедливо беа поразени.

Ауани и Иаго Сикера погодија во првото продолжение, Рамирес и Фереира дадоа голови во второто.

Со овој натпревар Вардар го заврши настапот во Европа и комплетно може да се фокусира на домашните задачи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×