Малиновски и Миранчук се пример за пријателство меѓу Украинец и Русин

by
1 минути читање

На трибините на стадионот во Бергамо се појави и знаме на кое беа нацртани Малиновски и Миранчук како се држат за рака.

Малиновски постигна гол на мечот, носеше црна лента на раката, а кога го даде погодокот, ја извади лентата, ја бакна и погледна кон небото. Украинецот минува низ тежок период.

„Тој и неговата фамилија поминуваат низ тежок период. Ние поминуваме долго време со тимот гледајќи ги вестите. Ова не разнесе нас дури повеќе од ковидот кој силно го погоди Бергамо“, вели тренерот Гасперини.

„Малиновски и Миранчук имаат исклучително пријателство. Маринчук се чувствува засрамен од ситуацијата. Луѓето се поважни од знамињата и границите, тој е добро момче и заслужува почит“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×