Малерот е скршен, Барса го совлада Виљареал за прва гостинска победа оваа сезона! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Чави ја забележа
втората победа во Ла Лига, и тоа многу важна, Барселона го скрши малерот и конечно
се радува на гости.

Вечерва на
„Серамика“ против незгодниот Виљареал, „каталонците“стигнаа до триумф од 1-3.

Де Јонг го отвори
резултатот на стартот од второто полувреме, прв стигна до една одбиена топка и
рутински ја затресе празната мрежа за 0-1.

Виљареал стигна
до изедначување во 76. минута, Мингеза се двоумеше многу, Чуквуезе тргна
одлучно и го матираше Тер Штеген за 1-1.

Барселона сепак
успеа да се врати во водство во 88. минута, среќата ги посака гостите, двајца
играчи на Виљареал погрешија и му овозможија на Депај да реализира за 1-2.

Во поселдните
мигови од мечот, Кутињо изнуди пенал и сам ја реализираше најстрогата казна за
конечни 1-3.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×