152
Милан и Кеси не најдоа договор за продолжување на соработката, клубот нема намера да ја прекрши својата стратегија и да му го даде на фудбалерот тоа што го бара.
Се шпекулира дека Барселона е фаворит за потписот на Кеси, па Малдини беше запрашан за тоа.
„Нормано е Барселона да се интересира за Кеси. Нашата позиција е многу јасна и таа е дел од стратегијата на клубот. Ние нема да ја промениме нашата позиција“, вели Малдини.
Тоа значи дека Милан нема да се обиде со нова, повисока понуда да го убеди Кеси да остане. Доколку фудбалерот сака да продолжи на Сан Сиро, ќе треба да ја прифати последната понуда која ја добил.