Малдини има список од три засилувања за да го направи Милан конкурентен во Лигата на шампионите

by
1 минути читање

„Газета дело Спорт“ тврди дека Малдини ги сака Николо Заниоло, Ренато Санчез и Бремер.

Постојано се шпекулира за иднината на Заниоло иако тој има договор со Рома и за следната сезона. По двете повреди на коленото, тој имаше успешна сезона која ја круниса со гол во финалето на Конференциската лига.

Малдини сака со Заниоло да ја засили офанзивата на тимот, но се шпекулира дека интерес за него има и од Јувентус, а нема да биде изненадување и ако го продолжи договорот со Рома.

За дефанзивата го има пикарно Бремер од Торино. Тој беше прогласен за најдобар дефанзивец во Серија А за изминатава сезона. Конкуренти за Бремер се и Интер и ПСЖ.

Како засилување од средниот ред, Малдини го сака Ренато Санчез, кој во Лил ја врати формата која ја загуби во Баерн Минхен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×