Милан по 11
години стигна до Скудетото, едни од најзаслужните за овој голем успех се Паоло
Малдини и Рики Масара, кои успеаја со ограничени средства да создадат
шампионски тим.
Но неколку дена
по големото славје, Паоло Малдини ги „подбра“ сопствениците и им порача дека
покажале непочитување со тоа што не нашле време да седнат и да разговараат за
продолжување на соработката.
„Мојот договор, и
договорот на Масара истекуваат и не сме ставиле потпис на нов. Поради успехот
кој го донесовме и она што се случи во минатото како кризата со Рангник, големо
непочитување е тоа што генералниот извршен директор и Елиот не најдоа време да
седнат со нас и да разговараат“ – вели Паоло Малдини во интервју за Газета дело
Спорт.
„Велам само да
разговараме, бидејќи можат да ни кажат, „Не сработивте доволно добро и поради
тоа нема да ја продолжиме соработката“, или можат да кажат, „Не ни се допаѓа вашата
стратегија““.
„Како што изјавив во неколку наврати, сакам да бидам одредена гаранција за навивачите и играчите на Милан.
Не сум правиот човек за проект кој нема победнички идеи“.
„Сопствениците
никогаш не седнаа ра разговараат со нас, и тоа не е добро“.