Роберт
Левандовски според многумина неоправдано ја загуби битката со Лео Меси за
престижниот трофеј „Златна Топка“, но мала утеха за напаѓачот на Баерн Минхен
пристигна вечерва.
Полјакот е фудбалер
на годината во изборот на ФИФА, Роберт Левандовски стигна до наградата „Д Бест“
пред Лео Меси и Мохамед Салах.
На церемонијата
во Цирих, ФИФА додели уште неколку награди, Едуар Менди од Челси е избран за голман
на годината, а Томас Тухел доби признание за тренер на годината.
Кристијано
Роналдо доби специјално признание за голгетерскиот скор со репрезентацијата на
Португалија.
Во женска
конкуренција, Алеша Путељас од Барселона е најдобра во годината, Кристијане Едлер е најдобар голман, Ема Хејс е најдобар тренер а Кристин Синклер доби
специјално признание.
Наградата за
навивачите е доделена за фановите на Данска и Финска и нивната сплотеност кога
Кристијан Ериксен колабираше на теренот. Наградата за фер-плеј е доделена на фудбалерите,
лекарскиот тим и тренерскиот персонал на Данска и нивната херојска реакција со
која беше спасен животот на Кристијан Ериксен.
За наградите
гласаа фановите, одбрана група новинари, капитените и селекторите на
репрезентациите.