758
Се работи за 17-годишниот Ѓорѓе Гордиќ. Според српски „Телеграф“, паднал договор и тој ќе стане нов фудбалер на Манчестер Сити.
Покрај сумата од 2,2 милиони евра која ќе ја добие Младост Лучани, тие ќе го имаат Гордиќ и следната сезона кој ќе игра за српскиот клуб како позајмен фудбалер од Сити. За секој натпревар кој ќе го одигра Гордиќ во тој период, Младост ќе добива по 10.000 евра.
Гордиќ во ноември ќе стане полнолетен, оваа сезона на 30 меча за Младост постигна седум голови. Се шпекулираше дека него го гледат и скаути на Аталанта и Бриж.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.