Македонските репрезентативци се собраа, Адеми поради повреда отпадна за дуелот со Романија

by
1 минути читање

Откако се пласира на Европското првенство, Македонија почнува нов предизвик, ги стартуваме квалификациите за Светското првенство 2022.

Македонските фудбалери денеска се собираат и ги почнуваат подготовките, а нова вест е дека Аријан Адеми поради повреда сигурно ќе го пропушти гостувањето кај Романија во Букурешт. Тој е неизвесен и за дуелите со Лихтенштајн и Германија.

Адеми има ситна повреда поради која беше изваден од дуелот на Динамо Загреб против Тотнем во 117 минута.

Претходно поради повреда отпадна и Иван Тричковски, а Ангеловски нема да смета и на Зајков и Костадинов поради позитивни тестови на ковид-19. Дополнителен повик добија Агим Ибраими и Стефан Ашковски.

Македонија квалификациите ги почнува во Букурешт против селекцијата на Роанија на 25. март, три дена подоцна го пречекуваме Лихтенштајн во Скопје, па на 31. март гостуваме кај Германија во Дуизбург.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани