Македонските надежи ја наполнија мрежата на Бугарија

by
1 минути читање

Македонија денеска го одигра најдобриот меч на турнирот во Туција, по поразот од Казахстан и ремито со Словачка, денеска ја победивме Бугарија со убедливи 5-1.

Избраниците на Боби Милевски рано го отворија резултатот, Марио Илиевски погоди уште во 10. минута, а Томче Гроздановски во 30. зголеми на 2-0, со тој резултат се замина на одморот.

По шест минути игра во второто полувреме Бугарите го намалија резултатот на 2-1, но брзо потоа продолжи серијата на Македонија.

На сцена стапи Методи Максимов кој погоди во 58 и 56 минута, а Мартин Дичев на десет минут пред крајот си постигна автогол и го постави конечниот резултат.

Со овој натпревар заврши настапот на Македонија на турнирот во Анталија, забележавме една победа, едно реми и еден пораз. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани