Македонскиот лав се бори за место во тимот: Елмас го импресионирал Кочаман на тренинг меч во Белек!

by
1 минути читање

Големата надеж на
македонскиот фудбал, 18 годишниот Елиф Елмас почна и официјално со сениорскиот
состав на гигантот Фенербахче, тој е со првиот состав на тимот од Истанбул на
подготовките во Белек, а од тоа што го пишуваат тамошните медиуми, очигледно
дека нашиот фудбалер на големо се докажува за да обезбеди место во тимот за
вториот дел од сезоната во Суперлигата.

Елиф Елмас беше
фудбалерот кој го одбележа првиот ден на тренинг кампот во Белек, Ајкут Кочаман
го постави македонскиот фудбалер како десно крило. Младиот фудбалер имаше
блескаво издание и фантастични перформанси, неговите соиграчи му посакаа
добредојде на тренинг сесиите по подолг период
“ пишува турски „Фанатик“ за тренинг-мечот кој го одиграле фудбалерите на Фенербахче, во кој во најдобро светло се истакнал токму нашиот интернационалец.

За Елмас се пишуваа
разни шпекулации изминатиов период низ турските медиуми, една од нив беше онаа
дека ќе биде испратен на позајмица за остатокот од сезоната, Генчербирлиги се
споменуваше како идеална опција, но ништо чудно да тој го убеди Кочаман дека
заслужува да биде со гигантот во вториот дел од сезоната во Турција, каде
Фенербахче му претстои голема битка за титулата.


Извор: fanatik.com.tr

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани