Македонски фудбалер блесна во САД – постигна четири гола на еден натпревар! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Милан Илоски фудбалерот на Сан Диего кој има потекло од Македонија вистински хит во американските медиуми откако на последниот натпревар за својот тим постигна пет гола.

Во моменти кога спортските случувања во САД се во сенка на Светкото клупско првенство Илоски постигна четири гола на гости кај Ванкувер во победата на неговиот тим од 3-5.

Сосема очекувано, по таков настап Илоски беше прогласен за најдобар на натпреварот. Треба да се спомене и дека три од четирите гола ги постигна за само девет минути.

Инаку Илиоски има 25 години и е роден во Ескондидо Калифорнија, а неговите родители се од Македонија. Бидејќи се уште не настапил во репрезентативниот фудбал, постои можност во иднина и некогаш да го облече националниот дрес на Македонија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×