Македонија У21 водеше 2-0 и не успеа да ја победии Словачка

by
1 минути читање

Македонија У21 денеска го одигра вториот натпревар на „Анталија купот“ во Турција, одигравме нерешено 2-2 со Словачка.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски до 75. минута водеа со 2-0, но ја прокоцкаа предноста, на и со автогол на противникот му подарија реми.

Македонија поведе со гол на Дарко Чурлинов во 24. минута по една негова одлична соло акција. По девет минути игра во второто полувреме Мартин Радуловиќ Величковиќ постигна убав погодок за предност од 2-0.

Се изгледаше дека ќе го добиеме овој меч, но Словачка во 76. минута успеа да намали на 2-1, а потоа Мартин Радуловиќ Величковиќ си постигна автогол за 2-2.

Последниот меч на „Анталија Купот“ го играме во понеделник против Бугарија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани