145
Фудбалската репрезентација на Македонија по ремито со Белгија и победата над Казахстан во јунскиот циклус забележа скок од четири места на ФИФА ранг листата се наоѓа на 63 место.
Македонија одигра солиден натпревар против Белгија во Скопје и ремизираше со Белгија, додека во Астана на незгодното готување кај Казахтан славевме победа од минимални 1-0.
Кога е врвот во прашање, нема промени, Аргентина остана лидер пред: Франција, Англија, Бразил и Шпанија. Напредуваше Португалија која сега е пред Холандија, Белгија е осма, а во топ десет се уште Хрватска и Италија.