Македонија се спасуваше од срамен пораз во Талин, само реми против Естонија (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Поради густиот распоред Ангеловски направи многу промени во првиот состав на репрезентацијата. Новата формација не функционираше идеално, имавме негатива и од 3-1, па во игра мораше да влезат оние кои се стандардни во првиот тим. На крајот се изборивме за реми, иако можеме да жалиме што не победивме.

Натпреварот почна идеално за Македонија, несреќниот Куск сакајќи да ја врати топката до својот голман си постигна автогол за водство на нашата репрезентација уште во третата минута.

Половина час подоцна по една одлична акција Естонците го изедначија резултатот на 1-1 со гол на Сапинен.

По 15 минути игра во второто полувреме истиот играч ни даде уште еден гол за комплетен пресврт и водство на Естонија од 2-1.

Шест минути подоцна беше досуден пенал за Македонија, но Трајковски не го реализираше, ја погоди пречката од голот на Естонија.

Во 76. минута беше досуден пенал за Естонија по играње со рака на Барди, Ливак постигна гол од белата точка, домаќини направија убава предност од 3-1.

Но финиот и припадна на Македонија, најпрво Пандев во 80. минута намали на 3-1, а потоа Зајков во 88. минута реализира за 3-3.

Во завршните минути од мечот Македонија имаше шанси и да дојде до победа, пропуштивме неколку шанси да ги освоиме трите бода.

Македонија може да жали што не дојде до победата, бевме поквалитетен противник, но големите промени во тимот си го направија своето.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани