Македонија се погрижи да биде одличен домаќин: Посебни мерки за безбедност за експедицијата на Албанија

by
1 минути читање

Утревечер (20,45)
најдобрата македонска фудбалска репрезентација во Струмица на стадионот „Младост“
ќе ги одмери силите со Албанија, во осмото квалификациско коло за СП Русија
2018.

Се чини дека
гостите се задоволни од организацијата која ја направи нашата земја за тие да
бидат безбедни во секоја смисла на зборот во престојот во Македонија, како во
Скопје, така и во Струмица, за деталите од безбедносните мерки во изјава за
медиумите во Албанија говорат претставници на тамошната фудбалска асоцијација.

Постои конвој од
полициски возила кои не’ придружуваат, но истовремено и приватно обезбедување
кои го чуваат нашиот тим пред хотелот каде сме сместени во Скопје и Струмица

изјави првиот човек за односи со јавност на Албанската Фудбалска Асоцијација,
Герти Чарчани.

Ќе биде ова долг
пат, најпрво до Скопје, потоа од таму до Струмица, ќе бидеме придружувани од
полициски возила постојано, од границата се до последната дестинација, се

е мирно, нормално…“ додаде
Чарачани.

 

Извор/Фото-вест: panorama.com

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани