Македонија првпат излегува на мегдан со Германија, нашите фудбалери веруваат во чудо

by
1 минути читање

По поразот од Романија и победата над Лихтенштајн, македонските фудбалери вечерва се исправени пред третиот предизвик во овој репрезентативен прозорец, гостуваме кај Германија, главниот фаворит за првото место во нашата квалификациска група за СП.

Германците се голем фаворит во овој двобој, но впечаток е дека избраниците на Ангеловски играат се подобро. Одлично париравме на Романија на нејзин терен и покрај поразот, во големи делови од мечот бевме и подобар противник, а против Лихтенштајн одигравме доминантна партија која е за секоја пофалба без разлика што се работи за послаб противник.

Пласманот на Европското првенство влеа и дополнителна самодоверба кај македонските фудбалери, но и предизвикува поголема почит за нас во очите на противниците.

Во минатото повеќе пати сме покажале дека можеме да играме со најсилните репрезентации во светот, па зошто и вечерва тоа да не биде така.

„Тие се фаворити, но ова е фудбал, зошто да не се случи чудо. Ќе ни треба и среќа, но ние нема што да загубиме, а убеден сум дека сите ќе дадеме повеќе од сто отсто“, изјави синоќа Пандев на прес конференцијата.

Во составот на Македонија се враќа Дарко Велковски, а стартер би требало да биде и Аријан Адеми. Се очекува Ангеловски да го почне мечот со овој состав: Димитриевски, Ристовски, Муслиу, Велковски, Ристевски, Алиоски, Адеми, Барди, Елмас, Трајкоовски и Пандев.

Мануел Нојер нема да брани за Германците, Лев во составот го најави Тер Штеген, а според „Билд“ останатите во стартниот состав на „панцерите“ ќе бидат Клостерман, Гинтер, Рудигер, Џан, Кимих, Горецка, Гундоган, Хаверц, Сане и Гнабри.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани