Македонија отпатува за Сараево на првиот тест (ФОТО)

by Стефан
0 минути читање

Репрезентацијата на Македонија денеска отпатува за Сараево, каде што утре ќе го одигра пријателскиот натпревар против Босна и Херцеговина на стадионот во Кошево.

За избраниците на Гоце Седлоски овој дуел претставува добра проверка на формата и можност за тактички експерименти пред претстојните предизвици, додека домаќинот се подготвува за настап на Светското првенство.

Капитенот Енис Барди, иако се појави на собирот, по медицинските прегледи отпадна од комбинација поради повреда.

По натпреварот во Сараево, македонската репрезентација веднаш ќе замине за Истанбул, каде на 1 јуни ќе одигра нов тест-дуел против уште еден учесник на Мундијалот, Турција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×