Maкедонија ЃП со победа се прости од Првата лига, Работнички загуби од Тиквеш

by Стефан
1 минути читање

Македонија Ѓорче Петров со победа од 4-2 против Силекс ја заврши сезоната во последното коло од ПМФЛ, во натпревар исполнет со шест погодоци и пресврти.

Домашниот тим прв стигна до водство преку Еступниан во 15. минута, но гостите возвратија со голот на Филип Мишов од белата точка во 32. минута за 1-1.

Во второто полувреме „лавовите“ заиграа многу поофанзивно, а Екснеидер Гереро со два брзи гола донесе убедлива предност од 3-1. Илија Донов подоцна намали на 3-2 и му даде надеж на Силекс, но гостите немаа сили за комплетен камбек.

Конечниот удар го зададе Ајдоган, кој ги постави конечните 4-2 за триумф на Македонија ЃП.

Во истиот термин, Работнички беше поразен на домашен терен од Тиквеш со 3-1. Лавал го отвори резултатот во 32. минута, а само три минути подоцна Стојкоски зголеми на 2-0 за гостите од Кавадарци.

Во продолжението Сила постигна и трет погодок за Тиквеш, додека Работнички успеа само да го ублажи поразот преку Белица за конечни 1-3.

По завршувањето на сезоната, во Втората лига се селат Шкупи, Работнички и Македонија ЃП, додека Брера Струмица и Пелистер ќе играат бараж за опстанок.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×