Македонија Ѓорче
Петров славеше убедлива победа од 0-3 на гостувањето кај Силекс во последниот
меч од 11 коло во најсилната фудбалска дивизија во Македонија, а на полувремето
од овој меч мрежите мируваа.
По шест минути
игра во вториот дел Фернандињо ги доведе гостите во почетно водство од 0-1, во
77. Минута Филиповски зголеми на 0-2 и ја навести победата која во завршницата
ја потврди Калид за конечни 0-3.
Со оваа победа
Македонија Ѓорче Петров се издвои на три бода од Борец на третото место на табелата, а што се однесува
пак до Силекс, со 14 бода се наоѓа на шестото место по 11 одиграни кола.
Табела: Шкендија 25, Шкупи 23, Македонија ЃП 22,
Борец 19, Струга ТЛ 16, Силекс 14, Работнички 13, Вардар 13, Пелистер 12,
Ренова 8, Академија Пандев 7, Беласица 5.
Фото-вест: ФК Македонија Ѓорче Петров 1932 (Facebook, архива)