19
Фудбалска федерација на Македонија го промовираше новиот дрес на македонската репрезентација, изработен од „Адидас“ во рамките на програмата „UEFA Kit Assistance Scheme“.
Новата гарнитура е специјално дизајнирана за националниот тим и комбинира модерен изглед со врвни материјали, со цел да обезбеди максимална удобност и перформанси на теренот.
Македонија е дел од групата од десет европски селекции кои ќе добијат уникатни дресови преку оваа програма, која од 2007 година им овозможува на федерациите пристап до висококвалитетна спортска опрема.
Во наредните две сезони, репрезентацијата ќе настапува во новиот дизајн, кој ја отсликува традицијата и идентитетот на македонскиот фудбал.