Македонија денеска ќе ги дознае противниците во квалификациите за СП 2022

by
0 минути читање

Македонија од четвртиот шешир ќе биде влечена на денешната ждрепка за квалификациите за СП 2022. Во нашиот шешир се и селекциите на БиХ, Словениија, Црна Гора, Албанија, Бугарија, Израел, Белорусија, Грузија и Луксембург, што значи дека ниту една од овие репрезентации не може да ни се падне.

Квалификациите ќе почнат во март следната година и ќе траат до ноември. Директен пласман на Светското првенство ќе обезбедат десетте победници во групите, додека второпласираните заедно со уште две селекции од Лигата на нации ќе играат баражи кои ќе дадат уште три патници од Европа на Мундијалот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×