52
Во првиот дел од натпреварот мрежите мируваа, возбудувањата се случија во второто полувреме.
Селекцијата на Казахстан поведе со 2-0 со голови во 56. и 70. минута. До крајот Македонија успеа само да го намали резултатот на 2-1 со гола на Берат Калкан во 80. минута.
Во финишот од мечот имаше и многу тензија на теренот поради груба игра.
Следен натпревар за македонските надежи на овој турнир е дуелот со Словачка на 27. март, а третиот меч го играме против Бугарија на 29 март.
Фото: ФФМ