Во последните неколку години прилично се актуелни „фејк њуз“ информациите кои вообичаено се генерираат на социјалните мрежи и потоа добиваат замав кога ќе ги пренесат медиумите, кои без да ги проверат фактите, пишуваат бомбастични стории.
Попладнево во фокусот е мајката на Кристијано Роналдо, која сподели информација за неверојатно достигнување на нејзиниот син.
„Мојата гордост, мојот син“ – напиша таа и сподели слика од шампионското славје на Роналдо во Јувентус која беше пропратена со одреден текст.
И се ќа беше добро доколку успехот кој му беше препишан на ЦР7 навистина се има случено. Текстот гласеше: „Роналдо, фудбалер кој го спаси Јувентус од испаѓање и му ја донесе титулата во првенството по речиси 20 години. Неверојатно“.
Јувентус „газеше“ во Италија и без Роналдо, а оваа година „бјанконерите“ уште еднаш се прошетаа до Скудетото кое им беше 8 во низа.
Meu orgulho, meu filho pic.twitter.com/aakxzZYMLY
— Dolores Aveiro (@DoloresAveiro) May 6, 2019