Мајката на Адриен
Рабио, Вероник повторно е во центарот на вниманието, овој пат по поразот на
актуелниот светски првак Франција од Швајцарија во осминафиналето на Европското
првенство.
Според пишувањата
на „РМЦ“, се вели дека мајката на ѕвездата од Јувентус, имала низа прашања до
семејството на Пол Погба, а најмногу околу тоа како фудбалерот постојано ја
губел топката во чувствителната зона од средниот ред, а особено кога
Швајцарците ја искористија таа ситуација и погодија преку контра.
Но, Вероник не
застанала со тоа, по пенал серијата во која поуспешни беа Швајцарците, а
трагичар Мбапе, се префрлила токму со критики кон родителите на тинејџерот, од
кои побарала да го подучат да не биде толку арогантен.
„РМЦ“ додава дека
истовремено таа нападнала и некои известувачи од новинарската ложа, а се верува
дека имала доста бурна конверзација со мајката на Мбапе, Фајза Ламари, но и
неговиот татко.