Килијан Мбапе и
натаму не ја затвори целосно вратата по прашањето за неговата иднина во ПСЖ,
каде актуелниот договор со францускиот вицепрвак му истекува идното лето, а се
верува дека би можел да се пресели во Реал Мадрид.
Фајза Ламари,
мајката на младиот француски напаѓач најави целосен пресврт во случајот со
договорот на Мбапе и ПСЖ, со тоа што тој на крајот би можел да остане во
француската престолнина.
„Ние разговараме
со ПСЖ изминатиов период, а засега се’ се одвива добро“ рече Ламари во изјавата за „Ле Паризиен“.
„Минатата вечер
разговарав со Леонардо, едно прашање е чисто, а тоа е дека Мбапе ќе даде се’
од себе за сезонава да се освои
Лигата на шампионите“ додаде таа.
„Килијан треба да
биде среќен, доколку е тажен, во тој случај ќе може да им каже на сите за тоа,
а тој понекогаш и го прави токму тоа, со него се’ се менува од ден во ден“ подвлече Ламари.
Се верува дека
семејството на Мбапе преферира напаѓачот да продолжи во редовите на ПСЖ, за што
има и одлична комуникација со раководството на клубот, иако шпекулациите велат
дека големи се шансите во јануари тој да постигне преддоговор со Реал Мадрид.