„Каталонците“ доцна
синоќа излегоа со соопштение за здравствената состојба на Кун Агуеро, кој на
дуелот против Алавес се пожалил на болки во градите и потешкотии во дишењето и
веднаш беше префрлен во болница на тестови.
Аргентинецот ќе
биде надвор од стројот најмалку три месеци, во следниот период ќе прима
терапија и потоа ќе се одлучи колку време ќе му биде потребно за опоравување и
враќање на терените.
„Се чувствувам
добро и храбро ќе се справам со процесот на опоравување. Сакам да ви се
заблагодарам на сите за пораките со поддршка и љубов, ми го направивте срцето
посилно“ – напиша Кун Агуеро, кој доби пораки од многу сегашни и поранешни
соиграчи, но и од ривали.
Особено емотивна
беше објавата на неговата мајка, која на социјалните мрежи напиша: „Работите за
тебе никогаш не беа лесни, злато мое. Уште кога беше дете, секој чекор што го
правеше носеше некакви компликации, како нешто постојано да те тераше да се
откажеш од соновите. Уште еднаш, животот те стави на тест, кој ќе го надминеш
како што тоа го правеше во минатото, бидејќи никогаш не се предаваш. Јас
секогаш ќе бидам покрај тебе, тука сум за се што ти е потребно, исто како и
целото семејство и твојот син. Никогаш немој да изгубиш верба и надеж. Те сакам
сине, твојата насмевка секогаш треба да блеска“.