Магична вечер за Рајс, Арсенал го потопи Реал на Емирати! (ВИДЕО)

by riste
2 минути читање

Арсенал со убедливи 3-0 го победи Реал Мадрид во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите, два од трите погодоци беа мајстории на Деклан Рајс од слободен удар.

Арсенал го надигра и го победи Реал Мадрид, па на Бернабеу ќе истрча со три гола предност.

Работата е далеку од завршена бидејќи на спротивната страна е Реал Мадрид, но ова е голема предност за Арсенал.

Натпреварот беше отворен кога Деклан Рајс погоди од слободен удар во 58. минута. Топката го заобиколи живиот ѕид и заврши во мрежата на Куртоа за водство на Арсенал од 1-0.

Во 70. минута се случи ново ремек-дело на Рајс, овојпат во стилот на Дејвид Бекам погоди за предност на топчиите од 2-0.

Пет минути подоцна гол даде и Мерино за конечни 3-0 за Арсенал.

Во судиското продолжение Камавинга доби втор жолт картон, па Реал Мадрид мечот го заврши со фудбалер помалку.

Меч од соништата за Деклан Рајс и за Арсенал, сега Реал Мадрид е на ред да покаже дали може да се извади и од оваа голема негатива.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани