Мачката може да го избрка Зума од Премиерлигата

by
1 минути читање

И покрај сериозниот скандал, Дејвид Мојс се реши да го игра Зума како стартер, па францускиот фудбалер имаше можност да ја почувствува реакцијата на навивачите, а таа не беше нималку пријатна.

Зума беше исвиркуван при секој допир со топката и од навивачите на Вест Хем и од навивачите на Ватфорд. Се очекува исто да биде и на следните натпревари, на сите стадиони на кои ќе се појави.

Се верува дека овој инцидент може да го избрка од Премиерлигата, притисокот од јавноста, од навивачите да биде неиздржлив за него, па од следната сезона да се пресели во некоја друга лига.

Еден од спонзорите на клубот дури и се закани дека може да замине од Вест Хем поради Зума.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×