Челси тргна со
убедлива победа од 3-0 на домашен терен против Кристал Палас, а предводникот на
„Сините“ од Лондон, Томас Тухел призна дека го има големото засилување за оваа
сезона, Ромелу Лукаку, во плановите за дербито со Арсенал во второто коло од
Премиерлигата.
„Имаме уште една
тренинг сесија пред нас, меѓутоа оваа седмица беше сработена на одлично ниво, а
Лукаку беше дел од групата, така тој одработи во одлично темпо“ рече Тухел.
„Денеска имавме
тренинг со послаб интензитет, а утре ќе имаме една доста важна тренинг сесија
пред мечот, ние се надеваме дека Лукаку ќе биде на теренот во недела, а се чини
дека така и ќе биде“ додаде германскиот фудбалски стратег. во пресрет на гостувањето кај Арсенал во недела.