Ромелу Лукаку
убаво ќе плати за спорното интервју дадено за Скај Италија во кое изрази незадоволство од својата
ситуација во Челси и изрази желба еден ден да се врати во Интер.
Фудбалерот од
Белгија синоќа имаше средба со Томас Тухел, а според медиумите од Англија,
преговорите биле позитивни, играчот се извинил, односот оди во права насока и
тој најверојатно ќе се најде во составот на „сините“ за дуелот со Тотнем во
Лига купот.
Но како што
пренесуваат медиумите од Италија, Челси нема туку дака да му прогледа низ прсти на Ромелу Лукаку и ќе го удри по
џебот.
Според Република,
напаѓачот ќе остане покус за 500.000 евра, додека пак Газета дело Спорт вели
дека паричната глоба може да достигне 600.000 евра.