Лукаку: Тешко ми беше да играм, многу плачев, бев преплашен

by
1 минути читање

Вчера сиот
фудбалски свет застана во една секунда откако репрезентативецот на Данска,
Кристијан Ериксен колабираше на теренот, а за среќа на крајот медицинскиот
персонал успеа да го спаси неговиот живот, а во битката можеби најголем херој
излезе капитенот Симон Кјаер кој прв му пружи помош.

Лукаку даде гол и во камерата викна: Крис те сакам! (ВИДЕО)

Како и да е,
тешко беше да се игра по тој настан вчера, Данска и Финска продолжија, а како
што вели и Ромелу Лукаку, соиграчот на Ериксен од Интер, иако среќен за
победата на Белгија, не крие дека му било тешко да игра.

Навистина сум
среќен поради победата, меѓутоа морам да бидам искрен и да кажам дека ми беше
навистина тешко да играм, мојот ум беше со мојот соиграч Кристијан Ериксен, се
надевам дека ќе заздрави, оваа победа нему му ја посветив
“ рече Лукаку кој
постигна два гола во победата против Русија.

Многу плачев,
бев преплашен, доживеавме навистина прекрасни моменти заедно, четири и пол
години заедно во кариерата, поминав повеќе време со него отколку со моето
семејство, моите мисли се со него, неговите две дечиња, како и неговото
семејство
“ додаде Белгиецот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани